ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ НА

МАКЕДОНСКИ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ

и Интерактивни Мапи

Македонски Цркви и Манастри

Непобитна вистина е дека Mакедонскиот народ успеал да го зачува својот национален идентитет во текот на 2000 години без сопствена држава најмногу благодарение на својата православна вера и благодарение на својата Македонската Православна Црква.

Во Македонија постојат одреден број на духовни храмови – цркви и манастири кои што им се добро познати на Македонската јавност, познати се дури и надвор од границите на нашата држава.

Малку е познато кај нашата Македонска јавност дека во Македонија постојат над 2000 духовни храмови – цркви и манастири само на територијата на Македонија и плус духовните храмови изградени од нашата дијаспора во странство. Овие податоци воопшто не се познати на пошироката светска јавност, а посебно на оние кои ја негират нашата Македонска Православна Црква.

Нашиот проект:

ПРАВОСЛАВНИ ДУХОВНИ ХРАМОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Представување на сите православни храмови – цркви и манастири на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија на интерактивен веб портал, интерактивни мапи и нивна визуелизација

Има за цел на едно место преку интерактивен портал и интерактивни мапи да ги прикаже сите православни храмови – цркви и манастири на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија. Прикажувањето е на интернет и пристапот е слободен така што е достапно за сите заинтересирани луѓе од Република Македонија како и надвор од Република Македонија. Со изработката на интерактивниот портал и интерактивните мапи и на Англиски јазик тие ќе бидат достапни и разбирливи практично за луѓето од цел свет.

Представувајки ги на овој начин Македонските цркви и манастири ќе ја покажеме нашата благодарност на Господ Бог и на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија за се што има направено за нашиот народ низ минатите векови.

Порталот користи најнови техники и технологии за представување и промоција како дигитално позиционирање на Интерактивни Мапи, Текстови и слики од сите објекти, Електронски изданија во форма на Електронски книги и др. 

Составен дел на овој портал ќе бидат и ИНТЕРАКТИВНИ МАПИ, FLIPBOOK БРОШУРИ и PDF БРОШУРИ за Македонија, градовите во Македонија, за Европа и Светот.

СОБОРЕН ХРАМ

„Свети Климент Охридски“

ИНТЕРАКТИВНИ МАПИ

Сите мапи се интерактивни што значи дека може да:

  • Може да се одбере различна подлога на мапата: Map, Satellite, Terrain
  • Да се поместуват лево-десно, горе-долу односно во сите правци
  • Се зумират и да се одзумират
  • Со зумирање може да се види секоја точната локација
  • Се клика на секој знак при што се отвара инфопрозорец во мапата со слика и повеќе информации
  • Може да се видат слики од STREET-VIEW таму кај што има услови

Македонски Цркви и Манастри

ВО МАКЕДОНИЈА - ИНТЕРАКТИВНА МАПА 

Македонски Цркви и Манастри

ВО ОХРИД - ИНТЕРАКТИВНА МАПА 

Македонски Цркви и Манастри

ВО СВЕТОТ - ИНТЕРАКТИВНА МАПА 

Проектот е од отворен тип, така да секој што сака на било кој начин да го подржи проектот е добредојден!